Местата на оваа листа се доказ дека луѓето можат да се адаптираат на изолацијата, на екстремното време и да уживаат во недопрената природа кои што ги опкружува. Доколку ви е потребно време за да ги избистрите мислите, би било одлична идеја да посетите некои од овие места, се разбира, доколку се осмелите.
Oymyakon
Малото село во кое живеат 500 жители се наоѓа во Сибир, а се смета за најстудено населено место во светот. Оваа титула ја освоило уште во 1933 година, кога температурата на воздухот се спуштила на 90 степени под нулата. Тука најмногу се јаде месо, затоа што за секој зеленчук е едноставно премногу ладно.

Tristan de Cunha
Замислете да се наоѓате на местото од кое ви требаат 3500 километри до најблиската населба на запад, 2700 километри на исток, повеќе од 4000 километри на север, а на југот се наоѓа и Антартикот. Токму вака изгледа овој архипелаг, наречен “освежувачки остров” со кој сеуште управуваат, Британците.

Barrow
Не можеме да зборуваме за изолирани места, а да не ја спомнеме Алјаска. Алјаска е дом на градот наречен Баров, кој има 4000 жители и е најнаселено место на северот на американскиот континет. Поради вечниот мраз, патишта до градот не постојат, па за да стигнете овде мора да летате или да бидете многу добар планинар.

Велигденските острови
Овој остров има приближно 6000 жители. Сместен е среде Тихиот океан и е најпознат по неговите големи камени глави.

Svalbard
Сместен помеѓу Норвешка и Северниот Пол, Свалбард е остров населен со нешто повеќе од 2000 жители. Жителите на овој остров можат да уживаат во седум национални паркови и 23 резервати. Поларните лисици и поларните мечки се исто така жители на овој остров.

Cape York
Огромен дел од недопрената природа се наоѓа на северот на Австралија, составен од шуми, савани и пустини, како и многу животински видови. Но тука живеат и 18 000 жители, од кои повеќето се домородни Австралијанци, Абориџини.
