Француската ривиера има многу што да понуди од прекрасни места, гратчиња со посебен шарм, плажи, вода но и многу луксуз. Летниот период овој дел е најчесто преполн со луѓе, а Азурниот брег е подеднакво популарен и помеѓу светски познатите личности.
Кан
Иако е познат по гламурот кој го носи Канскиот филмски фестивал, не може да се изостават 100-те години историја. Во 19-ти век, од мирно рибарско место, Кан станува град во кој богаташите си градат луксузни вили, а прекрасната плажа La Croisette веројатно омилена на сите посетители.

Ментон
Сместен на популарна локација помеѓу Монако и границата со Италија, шармантниот град нуди атрактивни градини, одлична клима, мноштво ресторани, како и уметнички занимливости.

Ница
Овој прекрасен и популарен град исто така се наоѓа недалеку од италијанската граница, а е создаден од Грците уште во 4-ти век. Тој важел за инспирација на многу големи уметнички имиња, а се дели на два дела – стар и нов.
Стариот дел е карактеристичен по тесните улички и високи, шармантни, камени куќи, а новиот пак, сместен покрај брег, со модерни, широки авении, палми, ресторани, барови и хотели.

Сен Тропе
Некогашното рибарско селце се трансформираше во место кое стана синоним за луксуз и ексклузивност, чии пристаништа се исполнети со модерни јахти, а забавите кои се приредуваат се незаборавни и не смее да се пропуштаат.

Антиб
Сместен помеѓу Кан и Ница, Антиб важи за многу популарно и луксузно туристичко место, во кое владеело семејството Грималди, а во нивниот замок денес се чуваат познати дела на Пабло Пикасо.

Марсеј
Вториот по ред најголем град во Франција не е класичен туристички град со оглед на тоа што е голем и распространет. Сепак, со помош на метро лесно се стига од крај до крај и да уживате во прекрасни плажи и заливи, живописни плоштади, како и неверојтно добри морски специјалитети.

Вилфранш сур Мер
Основан на почетокот на 14-ти век, Вилфранш е познат по пристаништето и стариот град, а заради природната убавина овде се снимени многу познати филмови. Нуди песочни плажи совршени за одмор, а карактеристичен е по тесните средновековни улички, како и по фестивалот на цвеќето.
