1. Њујорк, САД
Не е ни чудно зошто Њујорк го нарекуваат “Раскрсница на светот”. Никаде на светот нема да најдете толку восхитувачка концентрација на уметност, култура, кулинарство и бизнис.

2. Рио де Жанеиро, Бразил
Од светски познатите карневали па до незаборавни панорами, Рио е искуство за сите пет сетила. Не може да пречи ниту фактот дека во него се наоѓаат двете најпознати плажи на светот.

3. Лондон, Англија
Со своите престижни музеи, познати улици и плоштади во оваа финансиска престолнина привлекува се повеќе туристи. Не сте го посетиле Лондон? Што чекате?

4. Рим, Италија
Сите патишта водат до Рим па така и овај наш текст. Шетањето по Рим е како истражување на најголемиот отворен музеј на светот. Едноставно ниту еден друг град на светот нема таква комбинација на уметност, гастрономија, култура и еден тон неверојатна историја како “Вечниот град”.

5. Севиља, Шпанија
Севиља е скапоценост на некогашното царство Шпанија, а посетителите се воодушевени од тесните улички обложени со портокалови цветови, маварски дворци и гастрономски специјалитети.

6. Венеција, Италија
Едноставно невозможно е да направите ваква листа без Венеција. Од добро познатите канали и грандиозни базилики преку разнобојните фасади и добри мали барови, Венеција е единственото место како ниту едно друго на земјата.

7. Ласа, Кина
Ласа е духовен центар на тибенскиот будизам. Суровите врвови на Хималаите, со манастири и палати од кои секогаш се чувствува темјанот го прават Ласа еден од највпечатливите градови на светот.

8. Маракеш, Мароко
Влегувањето во стариот дел на Маракеш е искуство кое никогаш нема да го заборавите – бескрајни улици кои наликуваат на лавиринти, преполни пазари, неверојатна архитектура и храна. И се тоа на едно место.

9. Петра, Јордан
Меѓу останатите антички градови, Петра е приказна за себе. Сместена е некаде во врелата пустина, сокриена во тесен кањон од песок и ветер, Петра е монументален град исклесан на една карпа.

10. Варанаси, Индија
Варанаси е едно од најсветите места во Индија и е вистинско искуство за вашите сетила. Набљудувањето на изгревањето на сонцето додека пристаништата се полнат со свештеници и локални жители е доживување кое никогаш нема да го заборавите.
