Касандра, Грција
Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница. Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг. Најблискиот паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите.
Сите студија се двокреветни со еден брачен кревет, со максимален капацитет од 2 лица со можност за сместување на дете со неполни 6 год на кое не му следува легло ( спие во кревет со возрасните) и нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима (без доплата) и wi-fi.
Датуми |
---|
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account