AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Вила Скаут

null, Црна Гора

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

ВИЛА СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни соби и четворокреветни апартмани. Секоја соба има клима, тоалет, фрижидер,тв, тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цената , вилата е лоцирана на 250метри од плажа. 

Опис на регион

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Опис на програма

* Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ (9 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз).

 

- Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

- Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра) за сместување во 1/3 соба

- Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во ¼ соба

-Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст

- Дете до  5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).

 

* Намалување за патување со сопствен превоз - 10 евра.

* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место

Попустот важи за сместување со две возрасни лица

 

Поаѓање за Црна Гора:

Скопје (паркингот кај Борис Трајковски) – 05.00 часот

-          Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.

-          Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.

-          Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

-          Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

 

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.   

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

 

НАПОМЕНА: 

     За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%

     Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.

     Секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.

     Сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот

     За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

     Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.

     За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.

     ТА Скаут не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.

     При промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.

     За резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата до 01.04.2022.

     Можност за користење на неискористените ваучери од лето 2020

       За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.

     Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

     Во случај на отказ на резервација уплатена со ковид ваучер, на патникот ќе му се издаде нов ваучер со намалени отказни пенали.

     Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер.

Удобности

14.06-23.06.2022180
23.06-02.07.2022200
02.07-11.07.2022220
11.07-20.07.2022250
20.07-29.07.2022250
29.07-07.08.2022250
07.08-16.08.2022250
16.08-25.08.2022240
25.08-03.09.2022220

Преглед по соби

Превоз

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!