null, Албанија
ЗА ПРВИ МАЈ НА ЈАДРАНСКО МОРЕ
САБОТА – 30.04.2022
Состанок со групата во 05:30 на договорено место ( известување околу местото на поаѓање 5 дена пред поаѓањето бидејќи организирани се поаѓања од повеќе градови). Поаѓање во 06:00 часот преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи и царински формалности.
Чекирање и добивање на соби по самото пристигнување.
Сместувањето е во Комплекс Луми кој се наоѓа на околу 80 метри од плажата во Каваја-Драч (втор ред од плажа). Слободно време за прошетки по прекрасното шеталиште на Јадранскиот брег со голем број на ресторани и кафетерии, како и сончање на плажа и капење. Вечера во ресторан (шведски стол). Ноќевање.
НЕДЕЛА – 01.05.2022
Денот ни започнува со појадок во ресторан. По појадокот имаме организиран факултативен разглед до Берат еден од најстарите градови во Албанија кој се наоѓа на листата на светстко наследство на УНЕСКО и е прогласен за музејски град. Берат уште се нарекува и град на 1000 прозорци, препознатлив е по историската архитектура која датира од Османлиски период, со куќи изградени на рид и тоа најчесто градени се на два ката од кои приземје созидано од камен а вториот кат го красат голем број на дрвени прозорци..Во Берат ќе се задржиме околу 2 и пол часа и по разгледите се враќаме во Драч околу пладне. Слободно време за индивидуални активности и прошетки, сончање, капење…Вечера во ресторан. Ноќевање.
ПОНЕДЕЛНИК 02.05.2022
Појадок. Одјавување во 10 часот. Се упатуваме према центарот на ДРАЧ – втор најнаселен град во Албанија и главно пристаниште кое го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Драч има прекрасно крајбрежно шеталиште, голем број на продавници, ресторани…Ќе имаме 2 и пол часа слободно време за убаво да се прошетаме. Во договор со водичот собир со групата и поаѓање према ТИРАНА – главниот град на Албанија, каде ќе го посетиме еден од најголемите трговски центри ТЕГ (Tirana East Gate). Во договорено време поаѓање према Македонија преку граничен премин Ќафасан. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 3900 денари
Во цената е вклучено:
-2 ноќевања со појадок и вечера (шведски стол) во Комплекс Луми
-превоз со високотуристички автобус
-посета на Драч и Тирана
-пратител на групата за време на целото патување
Во цената не е вклучено:
-Факултативен излет до Берат – 15 ЕУ по лице
-Патничко осигурување
-Туристичка такса 2 еу по лице вкупно за цел престој
Важно
· За реализација на овој аранжман, потребен еминимумод 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
· Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
· За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина, доказ за прележан ковид во последните 180 дена, брз антиген тест или пцр тест
· Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
· Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
· Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување на Хера Турс и ЈК Травел
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account