Кушадаси, Турција
Положба: Хотелот Ada Marina се одликува по својата извонредна локација во центарот на градот Кушадаси, директно преку шеталиштето на плажа со прекрасен поглед над Егејското Море. Хотелот е оддалечен на само 450 метри од градската плажа,и е сместен на 100 метри од Кушадаси Марина, сите продавници, туристички атракции и историски места како што е замокот Кушадаси.
Сместување: Хотелот располага со 82 соби и истиот има 3 различни видови на соби (budget double rooms, budget triple rooms, family rooms). Сите соби се опремени со бања (туш кабина, тоалет и фен), клима уред, минибар, сеф, бесплатна Wi-Fi конекција, ТВ и телефон.
Услуга: Хотелот е на база HB (ноќевање, доручек и вечера). Хотелот располага со два ресторани од кој едниот е прекрасен ресторан на покривот и има извонреден и единствен поглед кон морето, марината и центарот на градот. Во овие ресторан гостите имаат можност да ја вкусат прекрасната турска кујна. Овој хотел исто така располага и со бар на покривот (покрај базенот) и snack бар.
Бесплатни услуги: користење на ресторанот за време на доручек и вечера, базен на покривот, лежалки покрај базенот, пешкири и чадори, внатрешен базен, Спа и Велнес центар, фитнес центар, бесплатна Wi-Fi конекција, паркинг.
Услуги со доплата: Увозни пијалоци, сервис за перење алишта, минибар, телефон и факс, сеф, медицински услуги,собни услуги, користење на конференциски сали кои се опремени со најновата технологија, водени спортови.
Содржини: Хотелот располага со два ресторани од кои едниот е сместен на покривот и еден бар на покривот, еден snack бар, базен на покривот, вантрешен базен, рецепција (24/7), паркинг, оперемен фитнес центар, конференциски сали, услуги на медицински установи,менувачница, соба за складирање на багаж, лифт,24 часовно осигурување, соба за играње, градина, билијард.
Плажа: Хотелот е ситуиран на само 450 метри од градската плажа. Една од најпознатите плажи во Кушадаси Ladies Beach е на 10 минути возење од хотелот. Овие плажи се песочни и користење на лежалки и чадори додатно се наплаќа. Во близина на плажите се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусни турски специјалитети, ресторани за брза храна, и барови.
Спорт и забава: Љубителите на спортот може да уживаат во разновидни водени спортови, одбојка на плажа или да вежбаат во фитнес центарот лоциран во хотелот. За љубителите на добра забава гостите может да уживаат во хотелскиот бар на покривот. Во близина на хотелот се наоѓаат едни од најпознатите барови и дискотеки во Кушадаси.
За дете до 5.99 години: (само превоз 60 еур).
Второ дете: -20% попуст.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.
ТЕРМИН | АРАНЖМАН 10 НОЌИ | ТЕРМИН | АРАНЖМАН 10 НОЌИ |
01.06-11.06 | 325 eur | 26.07-05.08 | 399 eur |
06.06-16.06 | 325 eur | 31.07-10.08 | 399 eur |
11.06-21.06 | 364 eur | 05.08-15.08 | 399 eur |
16.06-26.06 | 364 eur | 10.08-20.08 | 399 eur |
21.06-01.07 | 364 eur | 15.08-25.08 | 399 eur |
26.06-06.07 | 364 eur | 20.08-30.08 | 364 eur |
01.07-11.07 | 364 eur | 25.08-04.09 | 364 eur |
06.07-16.07 | 364 eur | 30.08-09.09 | 364 eur |
11.07-21.07 | 399 eur | 04.09-14.09 | 364 eur |
16.07-26.07 | 399 eur | 09.09-19.09 | 325 eur |
21.07-31.07 | 399 eur | 14.09-24.09 | 325 eur |
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account