Јонско море, Грција
СИВОТА–е мало прекрасно место кое е лоцирано помеѓу Парга и Игуменица на крајбрежјето на Јонско море. Дестинацијата нуди голем избор на преубави плажи со кристално чиста вода, мали островчиња, продавници, таверни, кафе барови, идилични пејсажи... и многу повеќе.
Период: 08.09.2022-11.09.2022 – 3 Ноќевања ФОРТУНА ПРОГРАМА
Прв ден-08.09.2022. Состанок на групата во 02.30 пред Дрводекор Скопје. Поаѓање према Сивота со патување преку Велес, Прилеп, Битола и граничен Премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Попатна посета на хипермаркетите Џамбо и Икеа во близина на Јанина со можност за шопинг. Пристигнување во Сивота во пладневните часови. Сместување во објектите. Можност за разгледување на Сивота со групата во попладневните часови.Ноќевање.
Втор Ден-09.09.2022. Факултативна посета на Парга- Собир на групата во пладневните часови околу 16.00 часот. Слободно време за капење и разглед на Парга со прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани.. Поаѓање кон Сивота во вечерните часови. Ноќевање.
Трет Ден 10.09.2022 - Факултатива. Собир на групата и упатување према пристаништето од каде со брод продолжуваме кон една од најатрактивните плажи во Сивота каде се снимани и делови од Blue Lagoon– PISINA BEACH. Вечерта факултативна посета на Грчка Таверна. Ноќевање.
Четврт Ден 11.09.2022. Слободно претпладне. Заминување за Македонија со попатна посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар ( живописно градче кое што е изградено во форма на амфитеатар на надморска височина од 1200 метри, каде што сите куќи се изградени во традиционален стин од камен и дрво.. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.
ЦЕНА: 119 ЕВРА
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- автобуски превоз на горе наведената релација.
- 3 ноќевања во апартмантско сместување(Фортуна програма),
- разглед на Сивота,
- организација, водство и реализација на аранжманот,
- Трето Лице –109 Евра
- Четврто лице –99 Евра
- 1 дете до 11,99 години – бесплатно во апартман, (плаќаат само превоз 60 Евра по лице ).
-2 Дете до 11,99 години-79 Евра
-Еднокреветна соба ( -30 % попуст од цената за второ лице) = 202 Евра
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
- патничко осигурување,
- факултативни излети и посети,
- Факултативно крстарење во Сивота ( цената ке биде објавена на 15/08/2022 година) ,
-грчка вечер во таверна.
-Факултативна посета на Парга 10 Еуро (минимум потребно 25 лица за реалицација факултативата)
-Туристичка такса 0,5 Евро од ноќевање во соба или за време на целиот престој 1,5 Евра за СОБА -Туристичката такса се плаќа на лице место
*За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Важат општите правила за патување на ЈК Травел и СКТМ
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account