AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Врњачка бања

Врњачка бања, Србија

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Програма на патување: 

11.10.2023 (Среда) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА  

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла ВодаРимските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.  

 

12.10.2023 (Четврток)  ВРЊАЧКА БАЊА  

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки во Врњачка Бања. Ден предвиден за одмор, релаксација и користење на Велнес содржините на хотелот. Ноќевање

 

13.10.2023 (Петок)  ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА  

Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Жича.  Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената.  Ноќевање.

 

14.10.2023 (Сабота)  ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови. 

 

 

Редовна цена на аранжманот 179€/11.098мкд

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд. 

Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

- Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби 

- Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања 

- Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок

- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар 

- Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби; 

- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

- Задолжително патничко и здравствено осигурвање;

- Доплата за туристичка такса по лице 5€/310ден вкупно за 3 ноќи (доплата во агенција); 

- Факултативна посета на манастирот Жица 10€ (доплата на лице место)

- Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден на цената на аранжманот

 

Попусти и опционални доплати: 

- Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник 

 

Напомени: 

- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.

- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 

- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 

- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.

- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата. 

- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 

- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.  

- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Ваикики Травел и ЈК Травел

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!