AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Венеција, Милано & Верона

null, Италија

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетени земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона.

Програма

 

1 ДЕН 07.10.2022 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

  • Состанок на групата на Дрводекор во 13:30 часот. Поаѓање за Венеција во 14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

 

2 ден 08.10.2022 (САБОТА)– ТРСТ- ПАЛМА НОВА- ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

  • Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 09.10.2022 (НЕДЕЛА) – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕРОНА- МИЛАНО

  • По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија.По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон Лидо ди Јесоло.Ноќевање.

 

4 ден 10.10.2022 (ПОНЕДЕЛНИК) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕНЕЦИЈА– СКОПЈЕ

  • Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневните часови на 10.10.2022 (ВТОРНИК).

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 ЕВРА
ПРОМО ЦЕНА: 109 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 01.09.2022

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Посета на Трст
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3***
- Организиран разглед на Венеција
- Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А Идеал Травел во текот на целото патување.
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река), Велес, Штип и Куманово

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa  (20 €)
- Факултативна посета на Верона и разглед на Милано со локален водич (40€)
- Патничко осигурување 300 денари

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и ЈК Травел

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!