AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Малдиви

null, Малдиви

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

 Југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка, се наоѓаат Малдивите или или Малдивските Острови кои се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот океан. 

Главен град на Малдивите е Мале, а официјален јазик е Малдивскиот (дивехи) парична валута е Руфија. Религија: Ислам

При посета на главниот град или локалните острови мажите не треба да носат кратки панталони а жените во кратки сукњи, колената и рамениците треба да бидат покриени. Во туристичките ресорти не е потребно плаќање во локална валута. Може да се плаќа во готовина со Евра или Американски долари и со кредитни картички. 

Co oглед на тоа дека Малдиви е исламска земја, топлес и нудизам се строго забранети, прекршците се плаќаат со големи суми. Поседување или внес на нелегални наркотици најстрого се казнува. Внес на алкохолни пијалоци, преработки од свинско месо, списанија со несоодветни содржини, оружје или харпун е забрането. Јавно покажување на било која друга вера освен исламот е забрането.

Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња.Малдивите се познати посвоите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температуритена водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Природните убавини се магнет за туристите и воедно туризмот претставува најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.  Главни индустрии се туризмот и рибарството.

Малдивите се најниска земја на светот - најголемата висина на копното над морето е 2,3м. Во текот на минатиот век нивото на морето се има подигнато за околу 20см, и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите.Покрај тоа, Малдивите се многу чувствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен фактор за ланецот на исхраната на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување.

Што се однесува до Визен режим: На државјаните на Македонија кои патуваат туристички на Малдиви, добиваат бесплатна виза за период од 30 дена на самиот аеродром. Потребно е да приложат важечка патна исправа, повратен авио билет и потврда/резервација за уплатен туристички аранжман и важноста на пасошот при патувањето мора да биде најмалку 6 месеци.

Климата на Малдиви е со просечна температура помеѓу 29 и 32 степени, со повремени тропски врнежи. Најповолно време за патување е во периодот околу божиќните и новогодишни празници, кога на Малдивите времето е суво и топло. Перодот од мај до ноември е исто така топол, но со поголем степен на влажност во воздухот и поголеми шанси за дожд. Од крајот на мај до почетокот на септември е монсунски период кој се карактеризира со повремен дожд и ветар, додека во периодот од ноември до април - североисточен монсун кој е топол и сув.

 

Кога ќе кажеме одмор од соништа дефинитивно помислуваме на Малдиви (Maldives)! Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок и шаренолик подводен свет е само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација. Со сигурност може да кажеме дека е домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот!

За љубителите на малку поавантуристички патувања, "стандардниот" одмор на Малдиви знае да биде малку пасивен. На која плажа и да се наоѓаш, десет дена само лежење на плажа знае да биде малку монотоно. Затоа одлучивме патувањата на Малдиви да ги организираме на малку поавантуристички начин во Jungle стил, впрочем како и сите други наши патувања. Така најмногу може да се види нашата експертиза и по тоа сме познати!

Спремни за авантура?

Во нашата програма се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви... Замислете си и Хотел со 4* - Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Најважно од сé? Во цената на нашиот аранжман имате вклучени активности/излети кои прават перфектен баланс на одморот на Малдиви. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ - се плажираме на песочни дини - малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди... Одиме да нуркаме со ајкули, подводни желкиделфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи - сертифицирани "free" нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!

 

* ЗА ВРЕМЕ НА ИЗЛЕТИТЕ, НАШИТЕ ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРИ НОСАТ GOPRO И ЦЕЛО ВРЕМЕ НИ ПРАВАТ НЕВЕРОЈАТНИ ФОТКИ И ВИДЕО КЛИПОВИ. НА КРАЈ НА ДЕН, ИСТИТЕ СИ ГИ ПРЕВЗЕМАМЕ ОД РЕЦЕПЦИЈА.

Секој ден различна активност преку која ќе ги запознаете Малдиви на малку поинаков начин и комплетно ќе се заљубите во нив! Ако природата на самите острови воодушевува, подводниот свет ќе ве остави без зборови. Освен на факултативните излети, нуркањето ќе ви стане навика и кога ќе имате слободно време за плажирање.

Рута: Скопје-Софија-Дубаи-Мале-Маафуши (Maafushi)-Мале-Дубаи-Софија-Скопје

Планот и програмата важи за следните поаѓања: 04.01.2023, 16.01.2023, 21.01.2023, 25.02.2023, 08.03.2022, и 18.03.2022

 

 

 

 

 

 

 

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: 30% при резервација, Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

 

Ден 1: Состанок на патниците и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија со Fly Dubai (FZ1758) во 02:25 часот и пристигнување во Дубаи во 21:25 часот. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

 

Ден 2: Лет од Дубаи за Мале во 02:00ч. (FZ1207). Пристигнуваме во Мале во утринските часови. Трансфер со брод до нашиот остров на Малдиви – Мафуши. Попладневен check-in во собите. По сместувањето имаме организиран Traditional Tea Ceremony за добредојде на покривот од нашиот хотел каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед и прекрасното зајдисонце. Тука одржуваме краток информативен состанок за подобро да се запознаеме, а и да ви ги раскажеме авантурите кои следат во наредните денови, да ве запознаеме со островот и да ви ја откриеме неговата магија! Островот Мафуши е еден од поголемите населени острови на Малдиви со околу 2.500 жители. Мал тропски рај со песочни улички, барчиња со разни свежи овошни коктели, ресторани со превкусна морска храна, плажи од ситен, мек бел песок и прекрасна тиркизна вода. Ја чувствуваме неверојатната енергија на овој остров и веќе се чувствуваме како дома!

 

Ден 3:По појадокот земаме пешкири и опрема за нуркање од рецепција и одиме да ги истражуваме убавините на Малдиви под вода. Нè чека speed boat на локалното пристаниште и заминуваме на една вистинска тиркизна авантура! Одиме да нуркаме на коралниот гребен на островот Biyadhoo. Уживаме во фасцинантниот подводен свет на коралниот гребен. Прекрасни корали, стотици различни видови и големини на риби во сите бои. Еден цел нов шарен свет под вода! По нуркањето на гребенот продолжуваме со истражувањето на подводниот свет и одиме да пливаме со манта ражи. Мантите се прекрасни риби кои наликуваат на ражи, но се со потемна боја и може да достигнат до 7 метри во широчина. Мантите може да се најдат во подлабоки води. Полека пловиме со бродот сè додека локалните водичи не ни дадат знак дека забележале манти. Штом ни дадат знак, веднаш сите во вода! Буквално како да гледаме документарен филм за подводниот свет во живо. За доживувањето да биде комплетно, одиме и на еден од најпознатите корални гребени кој е живеалиште на водни желки. Освен кул фотките под вода со желки, уживаме во безбројните видови на корали и стотици видови на риби во различни бои. Последното изненадување за денот, одиме на sandbank или песочен насип да уживаме. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај! Враќање во сместувањето и уживање на плажата на Мафуши до зајдисонце.

 

Ден 4: Првиот дел од денот е слободен за уживање на плажа, шетање по нашиот остров, играње одбојка на плажа, серва и слично. Вториот дел од денот е планиран за опуштање со Jungle екипата на песочнен насип (пуст остров) од нереално бел песок, опкружен со сината боја на Индискиот океан. Го чекаме зајдисонцето, палиме логорски оган и потоа гледаме милион ѕвезди над нас. Музика пуштаме од ЏБЛ, или гитара - ако некој од групата знае да свири :) Имаме наша гитара на Малдиви! :) Со нула светлосно загадување, небото изгледа буквално како на дофат. Стигнуваме два часа пред зајдисонце, за да имаме време и да уживаме на плажата и да уживаме во пливањето. Нереално доживување! Враќање во сместувањето.

 

Ден 5: Овој ден е можеби највозбудливиот, најочекуваниот и омилениот ден на повеќето наши патници! Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Но, и покрај тоа што не се опасни, адреналинот кој се чувствува додека влегуваме во вода само се зголемува кога се нурнуваме да пливаме меѓу нив. Буквално соочување со ајкула очи во очи. Веруваме дека тоа ќе биде најчесто прераскажувано искуство кое сте го доживеале. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Овој пат одиме на уште помал песочен насип кој изгледа буквално како нафрлен куп песок од неколку метри во ширина и должина сред отворен океан. Враќање во сместувањето на Мафуши.

 

Ден 6: Доживејте ги Малдиви на вистинскиот начин. Препуштете се во локалниот начин на живот, уживајте во егзотичната храна и запознајте ја културата на локалците. Уживаме на плажата на Маафуши, пиеме кокос и одмараме под палмите. Го дочекуваме зајдисонцето и вечерта уживаме под ѕвезденото небо со музика на плажа.

 

Ден 7: Овој ден ќе го искористиме за многубројни активности во кои можете да се “пробате“ за време на нашиот престој на Малдиви. Се впуштаме во авантура, возење со кајаци или со SUP даски. Потоа одиме на нуркање на локалниот корален гребен на островот Мафуши. Тие што не се веќе заразени со нуркање, после патувањето на Малдиви, сигурно ќе бидат. Убавините на подводниот свет на Малдиви се навистина неописливи и буквално секој момент ќе сакате да го искористите под вода. Вечерта ни е наменета за романтична вечера на плажа. Ѕвезди, свеќи на песок, тивка музика и убаво друштво.

 

Ден 8: Слободен ден за уживање во магијата на овој прекрасен остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Можност за факултативна посета на островот Gulhi. Посетата на Gulhi не е вклучена во цената и не е дел од програмата, но често нашите претставници од агенцијата, за целосно уживање и доживување сакаат да Ве однесат на уште еден прекрасен остров и прекрасна плажа во близина на Мафуши. Тоа е населен остров, многу помал од Мафуши, каде што туризмот сè уште не е развиен воопшто и каде што ја имаме целата плажа само за нас. Пред поаѓање не заборавајте да си земете опрема за нуркање од хотел, зашто и на овој остров, како и на сите други, коралниот гребен е прекрасен и сигурно ќе сакате да го истражите малку повеќе.

 

Ден 9:  Напуштање на сместувањето, а потоа следи уште еден ден за интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет - Resort day visit. Одиме во некој од најпопуларните ресорти на Малдиви. Нивните единствени локации нудат пристап на недопрени плажи, како и шанса да се нурнеме и да го истражиме единствениот морски свет на островот кој го посетуваме. Уживаме во слатното сонце и мекиот песок додека ги истражуваме богатите тропски чуда на оваа островска држава. Во ресортот имаме All Inclusive услуга - вклучен ручек и пијачки за време на престојот. Се збогуваме со магичниот остров и слободно време до поаѓање. Трансфер со брод до аеродромот во Мале. Вечерен лет од Мале 23:30 часот (FZ1570), со преседнување во Дубаи.

 

Напомена: Услугата (All Inclusive) во различните ресорти кои може да се посетат е секогаш различна. Истата ќе биде искомуницирана од претставникот од агенцијата на лице место, кога ќе го знаеме името на ресортот кој би можеле да го посетиме како "day visitors". Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “пополнетоста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.

Ден 10: Пристигнување во Дубаи во 03:10ч. по локално време. Лет од Дубаи за Софија во 09:40ч. (FZ1570). Пристигнување во Софија во 13:25ч. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје. Крај на патувањето.

 

Во цената е вклучено: 

Сместување во Arena Beach Hotel, Maafushi 4. 7 ноќевања

  • -Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
  • -Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • -Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Мале (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • -Трансфер со брз брод од аеродром до сместување
  • -Трансфер со брз брод од сместувањето до аеродром
  • -Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Дубаи (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • -Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Софија (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • -Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје

7 × Вечера (услуга полу-пансион) или 7 × Континентален појадок

  • -Пакет факултативи/активности на Малдиви
  • -Трансфер со автобус на релација Скопје - Меѓународен Аеродром во Софија - Скопје

Во цената НЕ Е вклучено: 

  • -Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • -Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • -Опционална доплата од 70 ЕУР по лице за SEAVIEW ROOM – соби од повисока категорија, со балкон и поглед на океан.

 

МАЛДИВИ - 9 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА!

ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА

  • -ПОСЕТА НА SANDBANK (ПЕСОЧЕН НАСИП) ПРЕКУ ДЕН
  • -ПОСЕТА НА SANDBANK (ПЕСОЧЕН НАСИП) ЗА ЗАЈДИСОНЦЕ, СО ЛОГОРСКИ ОГАН
  • -НУРКАЊЕ СО ПОДВОДНИ ЖЕЛКИ
  • -НУРКАЊЕ НА КОРАЛНИОТ ГРЕБЕН BIYADHOO 
  • -ВОЗЕЊЕ СО КАЈАЦИ / СУП ДАСКИ СО ВЕСЛО
  • -НУРКАЊЕ НА ЛОКАЛЕН КОРАЛЕН ГРЕБЕН (МАФУШИ)
  • -TRADITIONAL TEA CEREMONY
  • -РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА НА ПЛАЖА (САМО ЗА ПАТНИЦИТЕ СО ПОЛУ-ПАНСИОН, ПАТНИЦИТЕ СО ПОЈАДОК ДОПЛАЌААТ 10$ ПО ЛИЦЕ ЗА ВЕЧЕРАТА)
  • -ПОСЕТА НА ОСТРОВОТ GULHI

 

 

Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип

Цена: 50,00 USD

За многумина ова е омилениот и најубав излет на Малдиви, па никако не треба да се пропушти. Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. 
Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз според предвидената програма, ручек, опрема за нуркање, локален водич и претставник од агенцијата.

 

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез на Малдиви не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против Ковид-19.

Сите патници мораат да пополнат и Health Travel Authorization форма на https://imuga.immigration.gov.mv/. Оваа форма се принта и се носи со Вас на аеродром.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Малдиви

ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО КОВИД-19
За влез на Малдиви не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против Ковид-19.

ВИЗА
Државјани на Република Македонија кои туристички патуваат на Малдиви, добиваат бесплатна туристичка виза за период до 30 дена на Аеродромот во Мале – Малдиви. Потребна е следнава документација: важечка патна исправа, поврaтна авио-карта и потврда за уплатен туристички аранжман (ваучер кој го добивате кај нас во агенција). Рок на важност на пасошот мора да биде најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 

HEALTH DECLARATION FORM
Сите патници мораат да имаат пополнето и Health Declaration Form на следниот линк: https://imuga.immigration.gov.mv . Оваа форма треба да се пополни во рамки на 48 часа пред времето на пристигнување на Малдиви. Истото е потребно да го направите и на Малдиви, во рамки на 48 часа пред поаѓање од Малдиви. Патниците мораат да го испринтаат и QR кодот кој ќе го добијат по успешно пополнета апликација, или истиот да го сочуваат на телефон. QR кодот ќе Ви биде потребен за време на чекирање на авиокартите во Скопје. Во онлајн формуларот е потребно да приложите и Ваша фотографија.

ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување на Малдиви не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.

ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
Температурата преку ден се движи помеѓу 29-32 степени, а навечер паѓа на пријатни 26 степени. Температурата на морето на Малдиви е 28 степени за време на целата година. Времето на Малдиви знае да биде променливо со облаци, краток дожд и сончеви интервали, кои може да се менуваат во текот на денот. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци.

БЕЗБЕДНОСТ
Хотелот во кој сте сместени се наоѓа на локален остров каде живее локално население. Островот е безбеден, но секако препорачуваме да водите сметка за Вашите пари и лични работи како што би воделе на било која друга дестинација. Локалците се особено пријателски настроени кон туристите и сакаат да се дружат и да се запознаваат. 

ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА
Исклучително важно е да пиете само флаширана вода. Храната се базира на овошје, зеленчук, ориз, нудли, морски специјалитети, но во хотелите и рестораните на гостите им се нудат и меѓународни специјалитети. Цените на оброците на Малдиви варираат, но просечна цена на оброк во ресторан е 7-15$, пијалоци околу 5-10$.

Малдиви е исламска држава. Во државата е нелегално да се внесува свинско месо, продукти што содржат свинско месо и алкохол. Иако, на населените острови е забрането да се служи алкохол во ресторани и барови, може лесно да се најде алкохол на островите и често се наоѓаат укотвени „Party Boats“ на неколку стотини метри од пристаништето на кои се служи и продава алкохол.

Заклучокот на нашите патници (и наш лично) е дека на Малдиви има прекрасна храна, дали традиционална, морска или интернационална. На Малдиви можете да јадете превкусен и ефтин октопод, морски плодови, риба, но и бургери и пица.

ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат на Малдиви. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Што се однесува до интернет и Wi-Fi, конекцијата знае да биде бавна, но сосема доволна за основна комуникација. Некогаш сигналот знае да биде полош во собите, но на рецепција во главно, работи одлично. Доколку сакате картичка за интернет, која нуди пристап до брз интернет, известете го водичот. Цената на картичките се движат околу 30$-35$ - 17GB.

СТРУЈА
Потребно е со вас да понесете адаптер за струја – влез како што се користи во Велика Британија (штекери со три сплоснати влезови). Адаптерот не може да се купи на самата дестинација.

ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Малдиви е Малдивска руфија. Односот на валутата е следен:
1 EUR = 18.18 MVR 
1 USD = 15.46 MVR
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување. 

Можете да носите евра или долари. Постои можност да користите и платежни картички, но не треба премногу да се потпирате на нив. Провизиите кои ги земаат не се големи, но секако би требало да проверите со матичната банка. Доколку носите долари, истите не смеат да се постари од 2000-та година. Валутата која се користи во хотелите е долар. Иако Малдивите имаат своја локална валута, доларот е општоприфатен за плаќања во кеш. На аеродромот во Мале се примаат само долари, па препорачуваме и Вие да ја носите оваа валута. Во хотелите примаат и евра, но по доста неповолен курс во однос со Банките во Европа.

На Малдиви планирајте да трошите околу 20-30$ на ден за комфорен престој по лице (во зависност дали од понудата имате избрано ноќевање со појадок или полупансион), за ситедополнителни оброци, сувенири, излегувања навечер итн. но тоа секако е индивидуална работа и зависи колку трошите.

ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC+5, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Малдиви е 4ч, а во текот на летното сметање на времето е 3ч, затоа што Малдиви не преминува на летно сметање на времето.

 

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ и ЈК ТРАВЕЛ од Битола.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЈК ТРАВЕЛ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!