null, Македонија
Хотел Кеопс се наоѓа во ново изградениот дел на Битола, опколен од најзначајните точки на интерес на идеално место е лоциран Хотел Кеопс. Националниот парк Пелистер и ски центар Копанки се наоѓаат на 15 минути, а археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис е на 10 минути оддалечен од Хотел Кеопс.
Ресторанот во Хотел Кеопс Ви нуди различен сет на мени за да задоволи сечиј вкус. Покрај традиционалната македонска храна ќе бидат приготвени и врвните специјалитети од меѓународната кујна. Ресторанот во хотелот Кеопс е пријатно и топло место, посветено за сите љубители на извонредната храна и вино, приготвена со многу љубов од вештите раце на врвните кулинари.
Посветени на вашата удобност и максимален комфор, ние нудиме широк спектар на сместување.
Предности во соба: удобни кревети, ТВ со рамен екран, бесплатен Wi-Fi, телефон, клима уред, балкон, приватни купатила опремени со фен и луксузни сетови за одржување на лична хигиена.
Хотелот располага со две, специјално и целосно опремени соби за гости со инвалидност, во кои купатилата се опремени со специјализирани држачи за лица со попреченост.
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА ЕДНО НОЌЕВАЊЕ, БЕЗ ОБРОЦИ
Тип на соба | Цена по соба на ноќ |
Двокреветна соба | 2400мкд |
Трокреветна соба | 2700мкд |
Двокреветен Апп | 2900мкд |
Трокреветен Апп | 3500мкд |
Четворокреветен Апп | 3900мкд |
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account