null, Италија
1 ден - Скопје - Рим
Пристигнување на скопскиот аеродром во 11:55 часот. Лет за Рим во 13:55ч. Пристигнување во Рим во 15:40часот. Индивидуален трансфер до хотелот. Ноќевање.
2 ден - Рим
Предлагаме да се посети Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим... исто имате можност за прошетка низ Рим со метро и посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетите капелата и гробот на Св. Кирил...Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. На островот можете да ја посетите црквата Св. Бартоломеј. Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере.Ноќевање.
3 ден - РИМ
Појадок. Посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Исто ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Ноќевање.
4 ден Рим - Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за прошетка. Попладне трансфер до аеродромот во Рим. Се препорачува да сте два часа пред лет, пристигати на аеродром. Лет за Скопје W6 7758 во 16:05ч. Пристигнување во Скопје во 18:00 часот.
ЦЕНА ПОЧНУВАЈКИ ОД 139ЕУР ПО ЛИЦЕ
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Напомена:
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account