null, Италија
Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Милано, еден од најголемите градови во Италија. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракци, меѓу кои во срцето на Милано - огромната катедрала во неоготски стил ”Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар Ла Скала, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај прекрасните градби оваа метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која всушност е изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговиски центар во светот.
1 ден СКОПЈЕ – МИЛАНО
Два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Полетување за Милано во 18:25 часот. Пристигнување во Милано во 20:35 часот. Индивидуален трансфер до хотел (или организиран приватен трансфер) и сместување. Ви предлагаме прошетка низ центарот на Милано по една од најпрестижните улици на Милано, Via Montenapoleone.Ноќевање.
2 ден МИЛАНО (ПРЕДЛОГ ПОСЕТА НА ЛУГАНО)
Појадок. Предлог посета на Лугано, со локален превоз до прекрасното гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, често го нарекуваат и “Швајцарското Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, како и големиот градски парк Parco Civico кој е еден од најубавите во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Враќање во Милано. Ноќевање.
3 ден МИЛАНО
Појадок. Разглед на градот со посета на споменикот на Леонардо, Катедралата и плоштадот Дуомо, оперската куќа La Scala, Академијата Брера, црквата Santa Maria della Grazzie каде се наоѓа и едно од ремек делата на Леонардо Да Винчи “Тајната вечера”. Ноќевање.
4 ден МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка до некој од трговските центри во Милано. Посета на Castello Sforezesco, замок во Милано, куќа на неколку од градските музеи и уметнички колекцииВреме за одмор и ручек. Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Полетување за Скопје во 21:45. Пристигнување во Скопје во 23:45 часот.
ЦЕНИ ПОЧНУВАЈКИ ОД 209ЕУР ПО ЛИЦЕ
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Напомени:
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account