null, Франција
Париз, главниот град на Франција кој гордо го носи епитетот Град на светлината, позициониран на бреговите на реката Сена во срцето на Франција, дестинација која може да се нарече, град музеј, со сите знаменитости кој можат да се посетат и видат, ке ви ја променат перцепцијата од која сте долетале во Париз. Ајфеловата кула, Катедралата Нотр Дам де Пари на островот во Сена, се едни од најпосетуваните знаменитости, Плоштадот Бастиља, раскошната улица Шанзелизе со Наполеоновиот Споменик на победата, некогашната кралска палата Лувр - еден од најголемите и најбогати светски музеи, Елисејската палата, Бурбонската палата, кралската палата Версај, прекрасните градини, Дизниленд, Дефанс...сето ова го прави овој град еден од најпосакуваните дестинации за посета.
1 ден СКОПЈЕ - ПАРИЗ
Полетување за Париз во 06:40 и пристигнување во Париз во 09:45. Индивидуален трансфер од аеродромот Paris Bove до центарот на Париз. Сместување во хотел. И од тука почнува вашата авантура. Со раниот лет, го добивате целиот ден за прошетка, можете да ја посетите на Катедралата Нотр Дам, во најстариот дел од Париз и живописниот Латински кварт. Прошетката продолжува кон Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадите Конкорд и Трокадеро, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамата на Париз од третиот кат (превоз до сите знаменитости - со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, музејот и вечерна прошетка по познатата улица Шанзелизе. Ноќевање.
2 ден ПАРИЗ
Појадок. Можност за индивидуална посета на еден од најбогатите светски музеи - импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Мона Лиза од Да Винчи, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите. Ноќевање.
3 ден ПАРИЗ
Појадок. Посетете го грандиозниот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледала и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило. Посета на модерниот бизнис центар Дефанс - парискиот кварт од 21-от Век. Во вечерните часови, препорачуваме прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “бела гулабица”. Прошетката продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои е и светски познатиот Mouline Rouge. Ноќевање.
4 ден ПАРИЗ - СКОПЈЕ
Појадок. Индивидуален превоз до аеродромот Paris Bove. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Полетување за Скопје во 10:20 и пристигнување во 13:00 часот.
Цените почнуваат од 199еур по лице
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Напомена:
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account