AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Херцег Нови

null, Босна и Херцеговина

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19' - Dec 21'

Min Age

10+

Pickup From

Airport

ДОЧЕК НА НОВАТА 2022 ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** ИГАЛО (30.12.2021 – 02.01.2022) Прв ден: 30.12.2021 (четврток) 20:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 22:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор. Втор ден: 31.12.2021 (петок) Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив… сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта Дочек на Новата 2022 Година во сопствена организација. Ноќевање. Трети ден: 01.01.2020 (сабота) Појадок. Слободно време за индивидуални активности, прошетки покрај долгото шеталиште кое го поврзува Игало со Херцег Нови, можност за уживање покрај море или за целосна релаксација и опуштање во благодетите на минералната лековита вода во базенот и во спа центарот во хотелот. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање. Четврти ден: 02.01.2020 (недела) Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Пераст, мал град кој се наоѓа на местото каде се разделуваат Бокакоторскиот и Рисанскиот Залив. Градот се издвојува со живописната архитектура, а со својата убавина ги привлекува модерните морепловци, уметниците и патниците кои се во потрага на убавина и мир. Во центарот на градот се наоѓа плоштадот на кој доминира црквата Свети Никола со својата импресивна камбанарија висока 55 метри. Од таму со брод заминуваме кон малото камено островче Госпа од Шкрпеља. Легендата вели дека на 22 јули 1452 година морнарите пронашле на карпа во средината на морето икона на Богородица со дете во рацете и од тој ден останала традицијата морепловците по враќањето од успешната пловидба да оставаат камења покрај брегот, па така се создал овој вештачки остров. На островот се наоѓа црква која содржи голем број уметнички дела како и икона на Госпа од Шкрпеља, но она што го привлекува вниманието на сите посетители е необична таписерија која цели 25 години ја изработувала извесна Јанцита Куниќ чекајќи го својот сопруг да се врати од пловидбата. Во таписеријата се наоѓаат вткаени и прамени од нејзината коса, златни од времето на нејзината младост и сребрени од годините кога таа остарела. По разгледот на црквата се враќаме повторно со брод назад кон Пераст, а од таму заминуваме кон Котор, градот кој е стар повеќе од 2000 години и се наоѓа на листата на светските културни богатства токму заради урбаната архитектура, културното наследство и прекрасниот природен амбиент. Организиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за прошетки низ градските плоштади и улици кои се користат како отворени сцени за изведба на многу традиционални манифестации и приредби. Во попладневните часови заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………159 евра (9.860 денари) (плаќање во денарска противвредност)

Опис на програма

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги: – Превоз со туристички автобус – Две ноќевања со појадок во хотелот „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** во Игало (сместување во стандардни соби со поглед во двор) – Две вечери во ресторанот на хотелот – Користење на базенот и спа центарот во хотелот – Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич – Билет за брод, влезници во црквата Госпа од Шкрпеља и во стариот град Котор со вклучен автобуски превоз и локален туристички водич – Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги: – Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотелот) – 1,30 евра по лице од вечер – Доплата за еднокреветна соба – 26 евра од вечер – Патничко осигурување Напомена: Доколку се променат ковид протоколите, можно е аранжманот да претрпи одредени промени За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници Последен рок за пријавување: 01. Декември 2021 година

Удобности

Преглед по соби

Превоз

Галерија

Location

Не успеавте да најдите тоа што го баравте ? Контактирајте не!