Касандра, Грција
Вила Наталиа се наоѓа во срцето на Пефкохори, на минута од пешачката зона, до плажа и до првиот супермаркет. Вила Наталиа е составена од две згради, Анекс 1 и Анекс 2. Анекс 1 е на два спрата. Апартманите во Анекс 1 имаат еден брачен кревет во спална соба и 2 единечни кревети во кујна. Анекс 2 е на еден спрат, само приземје. Студиата во Анекс 2 имаат три кревети во спална и еден во друга просторија, кујната е во одделна соба. Вилата располага со сопствен ограден двор и зеленило. Климата не е вклучена во цената и истата чини 25 евра за 7 ноќевања. Се плаќа на лице место.
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРAВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 15.05.2022
Пефкохори е познато големо туристичко место на околу 100 км од Солун. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања. Има огромен број на таверни, ресторани, барови, пицерии и супермаркети. Пефкохори е сликовито место, со поплочени улици, уредени дворови, разнобојни цвеќиња. Има огромен број продавници, супермаркети, златари, амбуланта, аптека, пошта. На плажите може да се изнајмат лежалки и чадори за сонце, како и реквизити за спорт на вода. Овде секој може да најде нешто по свој вкус, затоа е подеднакво популарно меѓу сите возрасти, од најмлади до најстари, од оние кои сакаат луда забава до оние кои сакаат мирен семеен одмор.
Собите се опремени со мал тоалет, кујна, ТВ и клима (до доплата на лице место од 25еур за 7 ноќевања) , интернет почнувајки од 01.06.2022.
Датуми |
---|
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Пефкохори чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
Куманово (БП Макпетрол) – 45еур по лице
Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 45еур по лице
Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 45еур по лице
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
Битола (Автобуска станица Транскоп) – на перон– 35еур по лице
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 35еур по лице
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 40еур по лице
Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 45еур по лице
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 40еур по лице
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 35еур по лице
Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ *Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените
*За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
*Важат Општите услови на СКТМ и ТА ЈК травел
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
-3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
-4:00 Скопје (Дрводекор)
-4:30 Велес (БП мотел Македонија)
-5:00 Неготино (БП Неготино)
-5:40 Удово (БП Удово)
-6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
-4:00 Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
-3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
-2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
-2:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
-2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
-3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account