null, Македонија
Ројал Вју“ – Хотел и Ресторан е бренд на охридската ривиера. Нашиот објект е лоциран на самиот брег на Охридското Езеро, на 300 метри од центарот на градот и на 10 метри од првата градска плажа. „Ројал Вју“ - Хотел и Ресторан постои од август 2007 година. Со својата уникатна архитектура, пријатен амбиент и, секако, незаборавниот поглед кон Охридското Езеро и многувековните паметници на Охридското Кале, „Ројал Вју“ нуди уникатно доживување. СПА центарот кој е во состав на објектот „Ројал Вју“ е вистинска оаза за секој гостин. Турска парна сауна, Финска сауна, џакузи од мермер со капацитет до 8 гости, како и две топли столици се дел од она што Ви е достапно за време на негово користење. За комплетна релаксација, тим од професионални физио-терапевти во секое време е достапен за нашите гости.
Секоја од собите има сопствена тераса, мебел од масивно дрво и современи додатоци; така, внатрешноста на „Ројал Вју“ има модерен и пријатен изглед. Собите се опремени со сопствено купатило со туш кабина, комплетна тоалетна галантерија, фен за коса, LCD телевизор и кабелска телевизија.
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
Биди чекор пред другите!
© Copyright 2022 - Сите права се заддржани. Изработена од на Webiart
Hello! Welcome Create a New Account