Зимата во Бугарија е снежна, студена но и многу забавна. Секој може да го пронајде своето совршено место во руралните предели, без разлика дали практикува скијање и активен живот или пак преферира пријатни ноќи покрај каминот уживајќи во прекрасните глетки.
1. Банско
Банско е одлична опција за љубителите на снежни авантури. Овде ќе се сретнете со 75 км означени патеки за скијање и импресивната глетка на врвот Тодорка, кој доминира на хоризонтот над вас. Градот Банско има старомоден историски центар и голем избор на барови, ирски пабови и традиционални бугарски таверни кои е добро да се посетат.

2. Пампорово
Скијањето во Пампорово вклучува погледи на бескрајни ридови покриени со борови и прекрасен поглед од врвот Снежанка. каде што почнуваат повеќето скијачки патеки. Скијачкиот центар е лоциран во планините Родопи, само 80 км од прекрасниот град Пловдив што овозможува да се посети барем еден ден.

3. Боровец
Боровец е најстариот ски ресорт во Бугарија кој датира уште од 1986 година, кој воедно е и ски-центар со повеќе од 58 км означени скијачки патеки. Опкружен со шуми на планината Рила, Боровец (1.930 м) располага со живописни алпинистички патеки со борови дрвја. Тука постои сигурна снежна покриеност помеѓу средината на декември и крајот на април. Боровец е лесно достапен и се наоѓа во близина на Софија.

4. Национален парк Пирин
Ако сте во добра форма и уживате во пешачење во зима, Националниот парк Пирин е полн со патеки кои се подеднакво возбудливи за пешачење. Земете мапа и следете ги зимските ознаки (жолти и црни шарени столбови) за да завршите во пријатни планински конаци (засолништето кај Тевно езеро или домот Јаворов се секогаш добра идеја). Но доколку не сте искусен планинар, подобро е да најмите планински водич бидејќи времето на Пирин планина е непредвидливо и може да се промени за неколку минути.
